Економија

Странците помалку купуваат недвижности во Хрватска

Минатата година во Хрватска биле продадени 28.566 станови и забележан е намален промет на пазарот на недвижности за 6,9 отсто, покажуваат податоците на Даночната управа на Хрватска.  Големо намалување има и кај побарувачката за станови кои ги купуваат странците. Лани граѓаните од другите држави купиле 3.183 станбени единици, што е за 25,7 отсто помалку во однос на 2022 година.

Намалување на бројот на извршени купопродажби на недвижности покажува „ладење“ на пазарот на недвижности во Хрватска, по долгогодишниот период на експанзија, пишува порталот Сеебиз.

Наспроти намалената побарувачка за станови, просечната цена на квадратен метар во новоградба во 2023 година изнесувала 2.246 евра, или за 2,7 отсто повеќе во однос на 2022 година.

На најголемот пазар на недвижности во Загреб, просечната цена за еден квадрат во нов стан достигна 2.684 евра. Ова е зголемување од 4,1 отсто во однос на 2022 година.

Просечната разлика меѓу бараната и реализираната цена во Хрватска изнесува 15 отсто, а во Загреб оваа „разлика“ е поголема и изнесува 20 отсто.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано