Економија

Италија вложува милијарди евра во вештачката интелегенција

Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави формирање на инвестициски фонд вреден една милијарда евра за поттикнување на проектите за вештачка интелегенција и повика на донесување „етички правила“ за користење на оваа технологија.

Новиот инвестициски фонд ќе биде поддржан од италијанската развојна банка ЦДП и ќе претставува почетен капитал за привлекување на идните вложувања. Се очекува, фондот да привлече дополнителни две милијарди евра од приватниот сектор, пишува Ројтерс.

Италија оваа недела ќе биде домаќин на состанокот на министри за технологија од Г7.  Главна тема на министерскиот состанок ќе биде вештачката интелегенција и нејзиното влијание на економијата и прашањето за еднаквоста, со поставување на заштитни рамки за развој на оваа технологија.

Италија подготвува сопствен закон за вештачка интелегенција кој ќе биде во согласност со европските закони за ВИ.


 

фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано