Економија
ЕУ се подготвува за користење на суровини од Гренланд
13.03.2024г.
Европската Унија во петок ќе отвори своја канцеларија на Гренланд со намера да добие пристап до рудните резерви на суровините кои се потребни за преминување кон енергија со ниско учество на јаглерод, изјави Томас Баерт, советник за трговски прашања на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
- Сакаме дополнително да ја зголемиме нашата соработка во доменот на експлоатација на критични суровини, изјави Баерт, на конференцијата за новинарите.
Гренланд поседува најголеми светски резерви на ретки метали кои се користат за производство на мобилни телефони и се значајни за преминување кон економија со ниска емисија на јаглерод. ЕУ има недоволен пристап до рудниците и настојува да ја намали зависноста од Кина која доминира во производството на ретки минерали.
Во 2020 година САД отворија конзулат во главниот град на Гренланд, во настојување да го прошири своето дипломатско и комерцијално присуство на оваа островска земја и на Арктикот, пренесува РТ Балкан.
фото freepic