Економија
Владата на Србија со брашно од стоковните резерви ќе ја штити цената на лебот
13.03.2024г.
Државна помош за српските пекари на леб
Министерството за внатрешна и надворешна трговија на Србија објави повик за производителите на леб за купување на брашно „Т-500“ по субвенционирани цени од стоковите резерви во количина од 32,5 илјади тони. Право на субвенција имаат сите производители на леб на територијата на Србија. Максималните количини на брашно кои производителите на леб можат да ги купат ќе бидат утврдени во пропорционален однос според нивното моментално производство на леб од брашното „Т-500“ по максимална производна цена од 46,31 динари по една векна или по друга цена која ќе ја определи Владата на Србија до 31 мај 2024 година, пренесе Блиц.
Цената на брашното од стоковите резерви изнесува 22 динари за еден килограм, без ДДВ. Трошоците за транспортот на брашно е на товар на производителите на леб.
фото freepic