Економија
Црногорската економија забележила раст во четвртиот квартал во 2023 година
13.03.2024г.
Црна Гора трета според економскиот раст во Европа
Бруто домашниот производ на Црна Гора во четвртиот квартал 2023 година изнесувал 1,7 милијарди евра, а стапката на раст на БДП изнесувал 4,3 отсто во однос на истиот период во 2022 година, објави Монстат.
Според меѓународниот преглед на стапката на раст на БДП за овој период, Црна Гора е на трето место во Европа со највисока стапка на економски раст. Пред неа се Малта и Италија. Зад Црна Гора се Србија со раст од 3,8 и Данска со 3,2 отсто, објави Државниот завод за статистика на Црна Гора.
На дното на листата се Унгарија со стапка на раст од нула отсто, а негативни стапки на раст на БДП забележале: Литванија, Чешка, Германија, Холандија, Шведска, Луксембург, Австрија, Финска, Естонија и Ирска, пренесува порталот Нова економија.