Економија
Бразил станува економски мотор на Јужна Америка
14.03.2024г.
Бразил може да прерасне во главен мотор на економскиот раст во Јужна Америка, а еден од факторите за остварување на оваа цел, е зголемената соработка со Русија и Кина. Бразил повторно е меѓу десетте најголеми светски економии со остварен раст од 2,9 отсто и со БДП во износ од две илјади милијарди долари во 2023 година.
Економијата на најголемата јужноамериканска држава го продолжи позитивниот тренд од 2022 година, кој се должи на ефективната аграрна индустрија. Благодарение на рекордното производство на соја и пченка бразилското земјоделство минатата година забележа раст од 15,1 отсто, што е нов рекорд. Покрај ова, економскиот успех на Бразил е поврзан и со одлуката на претседателот на државата Лула да Силва да продолжи со врските со Пекинг и Москва, во рамките на БРИКС.
- Меѓународната трговија на Бразил е незамислива без Кина, која е најважна земја за бразилскиот извоз. Во 2023 година Бразил извезе стока во вредност од 104 милијади долари. Ова е трипати повеќе од извозот во САД, вели професорот Роберто Гуларт на Универзитетот во Бразил во разговор за Дојче веле.
Исто така и Русија е важна за економијата за Бразил, поради узвозот на вештачко ѓубриво.
Економскиот експерт Фелипе Родригес од Универзитетот УФФ смета дека Бразил е во добра позиција, затоа што покажува отворена соработка и со САД, но забележува дека трговската размената со оваа земја е намалена, додека со Кина остваруваат дефицит од 51 милион долари. Бразил делува и во рамките на организацијата за заеднички пазар во Јужна Америка, и се залага за склучување на договори за слободна трговија со Европската Унија, како и со одделни азиски земји како што е Јапонија, пренесува Сеебиз.
фото freepic