Економија

ИЕА: Глобалната потрошувачка за нафта ќе успори во 2024 година

Глобалната потрошувачка на нафта во 2024 година ќе успори од 2,3 милиони барели дневно на 1,3 милиони, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во нејзиниот извештај за март.

Прогнозата за 2024 година е зголемена за 110 илјади барели дневно во однос на претходните февруарски процени, бидејќи нападите на јеменските Хути на бродовите кои пловат во Црвеното Море, го отежнуваат снабдувањето со нафта, пренесува Ројтерс.

Прогнозите на Меѓународната агенција за енергија за 2024 година е пониска за еден милион барели дневно во однос на најновите процени на нафтениот картел ОПЕК.  


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано