Економија

Земјите од ЕУ се договорија за ефикасна наплата на сообраќајните казни

Земјите од Европската Унија планираат да ја подобрат соработка за поефикасна  наплата на сообраќајните казни. Сега, за околу 40 отсто од сообраќајните прекшоци не се плаќа казна за престап направен од возачот преку границата на сопствената држава, соопшти Европскиот парламент.

Претставниците на Европскиот парламент се договорија да се подобри процедурата за административна помош. Договорените прописи ќе треба да бидат официјализирани со формалното усвојување во националните парламенти и од министрите на земјите членки на ЕУ.

Законот предвидува власите на една земја од каде е возачот на автомобилот, да може да ја наплати казната која ја направил во некоја друга земја членка на Унијата. Предусловот е државата во која се случил прекршокот  да бара казната да биде за 70 евра повисока и  во случај кога се исцрпени сите претходни законски можности.

Покрај ова, ќе се прошири и списокот на сообраќајни прекршоци кои можат да се покренат во прекугранична постапка. На списокот на овие казни се пречекорување на брзината на движење или возење во пијана состојба, опасно паркирање и претекнување, како и напуштање на местото на несреќата.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано