Економија
Јапонските работници се подготвуваат за највисокото зголемување на платите
15.03.2024г.
Најголемото јапонско здружение на синдикати Ренго соопшти дека работниците во најголемите фирми во земјата се „подготвени за најсилниот скок на платите во последните три децении“. Од синдикатот информираат дека во оваа фискална година нивните седум милиони членови ќе имаат зголемување на платите со пондериран просек од 5,28 отсто. Така, најголемиот светски производител на автомобили „Тојота“ се согласи на најголемото годишно зголемување на платите за работниците во последните 25 години, пишува ЦНБЦ.
Неделава се засилија притисоците на финансиските пазари откако различни корпоративни гиганти најавија поголем раст на платите. Растот на јапонските акции беше прекинат, со јакнењето на јенот во однос на доларот, а приносите на десетгодишните јапонски државни обврзници достигнаа највисоко ниво во последните три месеци.
Претходно, гувернерот на Централната банка, Каузо Уеда најави дека исходот од преговорите за платите ќе влијаат на одлуката за тоа кога ќе се излезе од политиката на негативни каматни стапки. Зголемувањето на платите во 2024 година би можела да ја подигне приватната потрошувачка во Јапонија, проценуваат финансиските аналитичари, пренесува Бизнис.рс.
фото freepic