Економија
Во Холандија се наплаќа преземањето на вишокот на сончева енергија
15.03.2024г.
Холандската електроенергетска компанија „Енеко„ ќе почне да им наплатува на сопствениците на соларни панели кои го предаваат вишокот на енергија во постојната енергетска мрежа. Другите компании во земјата веќе воведоа ваков модел на плаќање за да се справат со вишокот на предадена струја, пренесува порталот Балкан грин енерџи њуз.
Во Холандија има се повеќе производители на обновлива енергија, кои во текот на сончевиот период вишоците на електрична енергија ја испорачуваат во мрежата. Со слични проблеми се соочуваат и во Грција, каде пазарот со обновливи извори со енергија е во голем развој и секоја година се пуштаат нови капацитеи со моќност од 2 ГВ, додека потрошувачката на струја останува непроменета.
Во Холандија вишоците на електрична енергија која се предава во мрежата се одбива од сметките на потрошувачите. Холандија во 2023 година произвела најмногу сончева енергија од другите големи европски земји. За пет години капацитетите за производство на сончева енергија во оваа земја се згoлемиле за 450 отсто и достигна 19 ГВ, пренесуваат медиумите.
фото freepic