Економија

Конкуренцијата на пазарот на трудот станува сè поостра

Митко Јовановски | Авторот е новинар во Економија и бизнис

Недостигот на работна сила претставува главен проблем за многу држави во регионот и во Европа за да го одржат сопствениот економски раст. Oдлевањето на работоспособното население кон повисокоразвиени економии предизвикува сериозни последици за земјите во Западен Балкан. Вишокот на невработени лица, што се броеше со неколку стотици илјади во секоја од земјите од регионот, се стопи поради забрзаната миграција и отворањето на европските пазари на трудот. Желбата за подобар и за поквалитетен живот го поттикна масовниот бран на иселување од Балканот. Домашните економии се соочуваат со проблемот да најдат квалификувани работници во градежништвото, во угостителството, во преработувачката индустрија. Но, тоа што загрижува е податокот дека сè повеќе заминуваат и високообразовани кадри од здравството и од информатичката индустрија.


Целиот текст можете да го прочитате во печатеното издание на Економија и бизнис кое можете да го најдете во трафика или во сите поголеми маркети (Веро, Рамстор, Тинекс...)

Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, без трошоци за достава, кликнете ТУКА.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано