Економија
Февруарската инфлација во Европската Унија
18.03.2024г.
Годишната стапка на инфлација во еврозоната во февруари се намали на 2,6 отсто во однос на јануари кога иснесуваше 2,8 отсто, објави Евростат.
Цените на храната, алкохолот и тутунот се повисоки за 3,9 отсто, а цените на индустриските производи освен енергијата се повисоки за 1,6 отсто. Инфлацијата во секторот на услугите изнесуваше четири отсто, додека цените на енергијата се намалија за 3,7 отсто.
Годишната стапка на базната инфлација во еврозоната е 3,1 отсто и се наоѓа на најниско ниво од март 2022 година.
На месечно ниво цените во февруари во еврозоната пораснале за 0,6 отсто. Годишната стапка на инфлација во Европската Унија во февруари се намали на 2,8 отсто, во однос на 3,1 отсто во јануари.
Најниска стапка на инфлација во ЕУ има во Летонија и Данска со 0,6 отсто, Италија 0,8 отсто, а највисока инфлација има во Романија 7,1 отсто и во Хрватска 4,8 отсто.
фото freepic