Економија
Во Хрватска висококвалификувани странски работници под еден отсто
19.03.2024г.
Во 2023 година во Хрватска бројот на странски работници достигна 172 илјади, што е зголемување за 40 отсто во однос на 2022 година. Најмногу работници пристигнале од Босна и Херцеговина и Србија, од Непал, Индија Македонија и од Филипини. Странските работници се ангажирани на нискоквалификувани работни места во градежништвото и угостилеството, додека високообразувани кадри се 0,6 отсто, изјави Давор Божиновиќ, потпретседател на Владата на Република Хрватска и министер за внатрешни работи, во панел дискусијата за новиот закон за странци, објави Лидер медиа.
Како поволност за хрватските работодавачи, тој го наведе продолжувањето на траењето на работните дозволи од една на три години, што дава можност за поголема интеграција на странските работници во хрватското општество.
Претставниците на хрватските компании од туризмот и градежништовото имаат забелешки на долгото време на издавање на работните дозволи, кое трае и до осум месеци за некои работници.
Според процените на Европската комисија, Хрватска до 2030 година би можела да изгуби околу 6,8 отсто од активното работно население или околу 150 илјади работници. Хрвоје Стојиќ, главниот економист од Здружението на работодавачи во Хрватска, смета дека намалувањето на бројот на активно население може да се преполови.
- Во Хрватска има неповолен даночен систем. Стапката на невработеност кај младите до 30 години е висока. Работниците заминуваат предвреме во пензија, учеството на жените е ниска. Потребата за домашни работници можеме да ја намалиме за три-четири години со воведување на даночни олеснувања за средните и високите плати. Можеме и да размислуваме за воведување на сина карта за ИТ секторот, за да се привлечат и задржат висококвалификуваните работници, вели Стојиќ.
фото freepic