Економија

Во Црна Гора највисоките плати ги земаат странците

Најголема бруто месечна плата во Црна Гора во минатата година изнесувала 127.820 евра и била исплатена на државјанин од Азербејџан, вработен во областа на изнајмување на недвижности. Според податоците на Монстат, во 2023 година просечната бруто плата во земјата изнесувала 987 евра, а минималната плата била 450 евра.

Вработен во областа на монетарното посредување, односно во банкарството имал втора највисока бруто плата од 110.370 евра, која била исплатена на црногорски државјанин. На трето место е државјанин на Грција, кој е вработен во трговијата на големо со горива, кој во просек за еден месец добил плата од 109.280 евра.

На четврто место е друг Азарбејџанец, кој се занимава со изнајмување на недвижности и примил месечна плата од 108.220 евра. На петто место е бизнисмен од Австрија од областа на забавата и рекреативните дејности со месечни приходи од 97.690 евра, пишува подгоричкиот весник Побједа.

Според податоците на Даночната управа на Црна Гора, во првите два месеца годинава најголема месечна заработувачка била исплатена на државјани на Велика Британија со плата од 88.160 евра.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано