Економија

Виенскиот институт предлага подобрување на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан

Потребна е директни финансиска и техничка помош за компаниите од Западен Балкан

Новиот економски план на Европската Унија за Западен Балкан делува ветувачки, но со подлабоката анализа се открива дека му недостасува суштина и тој не успева да ги реши клучните прашања и да ги поправи грешките од минатото, се оценува во новата студија на Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

Предноста на Планот за раст, според Виенскиот институт, се состои во тоа што се воведуваат нови елементи во дискусијата и се наведени и основните предизвици со кои се соочува Западен Балкан. Но, специфичноста на планот и конкретните мерки кои се предлагаат во него, во извесна смисла се разочарувачки, се наведува во анализата на Виенскиот институт, пренесува Н1.

Од Институт за меѓународни економски студии предлагаат неколку клучни области за унапредување на Планот за раст, во кои се вклучени и дипломатските напори за решавање на тековните политички спорови во регионот, како и проширување на опфатот на Зедничкиот регионален пазар со што би се вклучиле и заедничките економски и социјални политики. Се предлага и давање на директна финансиска и техничка помош на компаниите од Западен Балкан во стекнувањето на извозни сертификати и со документација потребна за пристапот на пазарите на Европската Унија.

Од Виенскиот институт предлагаат и укинување на граничните контроли за влез во ЕУ за компаниите од регионот, намалување или укинување на условите за работни дозволи за граѓаните од Западен Балкан кои бараат работа во ЕУ и значително финансирање за регионот со можност за обезбедување пристап во буџетот на ЕУ. Доколку се направат овие подобрувања, Планот за раст навистина би можел да ги смени состојбите во Западен Балкан, се заклучува во анализата на Виенскиот институт, пренесува Н1.

Планот за раст за Западен Балкан, кој беше претставен во ноември од Европската комисија, се потпира на четири столба кои им се потребни на земјите од регионот, а се однесуваат на зголемени стапки на раст, економската конвергенција со Европската Унија и општествени промени. Со првиот столб се поддржува економската интеграција во регионот, вториот се однесува на интеграцијата со ЕУ. Третиот столб е насочен на обезбедување на дополнителна финансиска помош, а четвртиот треба да го забрза суштинските реформи во земјите од регионот да се приближат на стандардите на Унијата.

Со продлабочениот поглед на четирите столба се открива дека на овој план му недостасува суштина и не успева да се посвети на основните прашања во секоја област и на клучните недостатоци на претходните пакети на финансиска помош. Затоа, овие четири столба тешко може да ги промени работите на Западен Балкан, оценуваат во Виенскиот институт за меѓународни економски студии.


фото en.m.wikipedia.org/

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано