Економија

Работниците од Турција добиваат и храна и сместување, но и повеќе работат!

Работниците од Турција и од другите азиски земји кои работат во Босна и Херцеговина се повеќе платени од домашната работна сила. Физички работник од БиХ во просек заработува околу шест марки за еден час, додека саатницата  за турските работници е двојно повисока. Домашните фирми на странските работници им плаќаат и сместување и три оброци, што значи и повисоки трошоци за вработување на странците, пишува „Глас Српске“ .

-        Во принцип странските работници работат подолго во текот на работниот ден и имаат обезбедено сместување и три оброка кое го покрива работодавачот. На крајот, изгледа повисок износ за плата, но и поголем број на работни часови за странските работници, изјави Миле Петровиќ, повереник во Здружението за градежништво во Стопанската комора на РС. Тој додава дека странските работници, како и домашнте работници се платени според законите во БиХ.

Економскиот аналитичар и инвеститор Зоран Павловиќ потврдува дека работниците кои доаѓаат од Турција добиваат дополнителен надомест и платено сместување и храна.

-        Кога дневниците кои им се исплатуваат на странците им се даваат и на домашните работници, многумина од нив би сакале да останат во земајта, вели Павловиќ, кој смета дека обврските кон државата за анагажирање на нископрофилна работна сила се превисоки.

Според законските прописи во Република Српска, даночните оптоварувања за работник изнесуваат 64 отсто од платата, затоа е присутна појавата за  исплата и во плико за странските работници, пренесува Пословни дневник.


 

фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано