Економија

САД го надмина рекордот на извоз на сурова нафта

Соединетите Американски Држави во 2023 година го надмина рекордот во извозот во сурова нафта на странските пазари на 4,1 милиони барели дневно. Ова е раст од 13 отсто во однос на претходното рекордно ниво во 2022 година.

Извозот на американската нафта расте во континуитет од 2015 година, а воедно и расте и домашното производство на САД кое достигна 12,9 милиони барели дневно во 2023 година, што е за девет отсто повисоко од 2022 година.

Европа е најголем пазар за американската сурова нафта. Во 2023 САД извезе 1,8 милиони барели дневно на европскиот континент. Други поголеми пазари се Азија и Океанија. 

Поединечно по земји, Холандија е најголем купувач на американската сурова нафта, со 652 илјади барели дневно. Кина увезла 452 милиони барели дневно, што е двапати повеќе од 2022 година. Воедно Кина го зголеми и увозот на руска нафта.

Најголем пад на продажбата на американска нафта има во Индија, која купувала 146 илјади барели дневно, или за 47 отсто помалку во однос од 2022 година, пренесува поратлот Бизнис и финансии.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано