Економија

Австралија се приклучува на новите правила на оданочување

Мултинационалните компании ќе плаќаат помал данок

Владата на Австралија ги откри плановите за воведување на данок од најмалку 15 отсто на добивката на мултинационалните компании, а новите правила ќе стапат до јули годинава.

-        Мултинационалните компании кои остваруваат големи профити во Австралија ќе треба да плаќаат данок во Австралија, изјави министерот за финансии Џим Чалмерс, пренесе француската агенција АФП.

Новото оданочување може значително да влијае на работењето на најголемите рударски и енергетски компании, а се очекува овој предлог да наиде на отпор кај големите индустриски лоби групи.

Австралија е една од најголемите извозници на нафта,  јаглен и на железна руда. Земјата поседува и богати резерви на никел, уран и други ретки метали. Наспроти релативно висока номинална стапка на данок на добивка од 30 отсто, поддржувачите на новиот данок тврдат дека фирмите плаќаат помал данок, а во некои случаи и не плаќаат никаков данок.

Новиот данок е дел од глобалните текови за да им се оневозможи на мултинационалните компании да ги искористат поволностите на даночната јурисдикција или да го плаќаат данокот таму каде што го остваруваат приходот. Во 2021 година речиси 140 членки на ОЕЦД го прифатија договорот за реформи на меѓународните правила на оданочување на претпријатијата.

Новите правила со кои се воведува минимална стапка на ефективно оданочување од 15 отсто за мултинационалните компании е на сила во Европската Унија од почетокот на годинава, пренесува Бизлаив.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано