Економија
Слабоста на германската економија ќе продолжи
22.03.2024г.
Периодот на слабост на германската економија ќе продолжи и во вториот квартал на 2024 година. Домашната економија првиот квартал ќе го заврши со блага рецесија и оствари втор последователен период на пад на бруто домашниот производ. Во трите месеци на крајот од 2023 година германската економија оствари негативен раст од два отсто.
Од личната потрошувачка, која е еден од столбовите на германската економија, не може да се очекуваат силни импулси во наредниот квартал. Потрошувачите се наоѓаат во состојба на неизвесност и затоа трошат внимателно, икао има намалување на инфлацијата во земјата, се наведува во мартовскиот извештај на Бундесбанката.
Од Централната банка на Германија очекува да продолжи натамошното смирување на инфлацијата, но со можни чуствителни осцилации поради претстојните велигденски празници и повисоките трошоци за патување. Исто така, градежниот сектор се уште не е стабилизиран, инвестирањето е отежнато поради високите камати, а компаниите се соочуваат со неизвесност од економската политика на владата.
- Поставените рамки од економската политика компаниите ги доживуваат како бариера, како што е зголемениот товар од бирократијата и регулативата во земјата, наведуваат од Бундесбанката, пренесува НИН.
фото freepic