Економија
БиХ со огромен пад на извозот на електрична енергија
22.03.2024г.
Извозот на струја од Босна и Херцеговина во првите два месеци од годинава изнесувал 128 милиони конвертабилни марки и претставува намалување за 52 отсто во однос на истиот период лани. Намалувањето на извозот на струја има кај двата ентитета, но повеќе пари изгуби Федерацијата на БиХ, објави Бизнисинфо.ба.
Извозот од ФБИХ за двата месеца е 54,6 милиони КМ, а намалувањето на вредноста на извезената струја е 60,5 отсто. Главните причини за намалувањето на извозот на струја се топлата зима, пониските цени за електрична енергија на пазари во споредба со минатата година. Но како причина се споменува и внатрешните проблеми кои ги имаат електростопанствата во БиХ.
Електростопанството на БиХ минатата година работеше со рекордна загуба од 140 милиони марки. Од друга страна, Електростопанство на Република Српска оствари рекордна добивка од 144,8 милиони КМ.
фото freepic