Економија

Словенија го субвенционира поставувањето на ветерни електрани

Словенија се обидува да ги поттикне општинските власти и населението да прифатат поставување на ветерните електрани на својата територија, со што им се одобрува субвенција од 200 илјади евра по еден мегават. Овие средства ќе бидат исплатувани преку механизмите за поттикнување на производството на енергија од обновливи извори. Минималниот капацитет на ветерните електрани треба да биде еден мегават.

Оваа одлука е усвоена поради отпорот на локалното население и со цел да се забрза постапката за поставување на  капацитети за обновлива енергија. Во Словенија во експлоатација се само три ветерни турбини, а во подготовка се неколку проекти. Словенија бележи напредок во поставувањето на соларни електрани, а во тек на основање се првите енергетски заедници.

Еднократниот надомест на општините им се исплаќа кога инвеститорот ќе добие дозвола за градба на ветерната турбина, пренесува Балкан енерџи грин.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано