Економија
Конгресот на САД го изгласа законот за буџет
23.03.2024г.
Избегната блокада на работата на федералните служби во САД
Конгресот на САД со големо мнозинство го изгласа законот за буџет во вредност од 1.200 милијарди долари заради финансирање на државата во фискалната година која започна пред шест месеци. По потпишувањето на законoт од американскиот претседател Џо Бајден ќе се избегне делумниот прекин на работата на федералните служби, пишува Ројтерс.
Клучните федерални служби, Стејт департментот, министерството за внатрешна безбедност, правда, финансии ќе бидат финансирани до 30 септември. Во овој закон не е вклучено финасирањето на воената помош за Украина, Тајван или Израел, што е опфатено со другиот документ кој беше изгласан од Сенатот, но кој беше игнориран од мнозинството на републиканците во Претставничкиот дом.
Конгресот го изгласа законот за буџет, но повторно дојдоа до израз длабоките политички поделби, како и несогласувањата меѓу тесното републиканско мнозинство во Претставничкиот дом. Последното делумно прекинување на работата на државните служби беше во периодот на претседателот Доналд Трамп од 22 декември 2018 година до 25 јануари 2019 година. Овој најдолг прекин на работата на федералните служби се случи поради истрајноста на Трамп за обезбедување на средства за изградбата на ѕид во должината на американската граница со Мексико, пренесува Радио Слободна Европа.
фото freepic