Економија

На Србија и е потребна нуклеарна енергија

Вучиќ најави укинување на мораториумот за нуклеарна централа

Потрошувачите во Србија до 2050 година ќе трошат четири пати повеќе електрична енергија, а државата ќе го укине мораториумот за изградба на нуклеарна електрана, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, на своето гостување во ТВ Прва.

Претседателот на Србија се осврна на учеството на Самитот за нуклеарна енергија во Брисел и најави менување на законите од времето на СФРЈ.

-        Ќе го укинеме мораториумот, мораме да преживееме и да имаме струја. Франција сака да го зголеми капацитетот на нуклераките. Традиционалната нуклеарна енергија ќе ни ги реши сите проблеми. Тоа се огромни пари, а сето тоа мора да е безбедно. Тоа е чиста зелена енергија и затоа ни треба добра економија. Годинава мора да почнеме и со изградба на нафтовод, рече Вучиќ.

Според него, најдобро е да се гради класична нуклеарка, но додаде дека Србија нема 20 милијарди евра за изградба на нуклеарна централа.

-        Потребно е десет години да се изгради. Нема разлика во опасноста од нуклеарната електрана, доколку таа биде во Србија или во Унгарија, а таква нуклерка има и во Бугарија. Денеска некако успеваме да ги покриеме потребите за струја. Потребите на граѓаните растат за електрична енергија, гас и нафта, изјави Вучиќ.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано