Економија
Турскиот претседател најави нови инфраструктурни проекти
25.03.2024г
Со супер брз воз Анкара-Истанбул за 80 минути!
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган го најави новиот проект за супер брз воз на релација Анкара-Истанбул, кој ќе се движи со брзина од 350 километри на час.
- Годинава ќе објавиме тендер за проектот за супер брз воз и со него ќе се патува за 80 минути на релација Анкара-Истанбул, изјави Ердоган.
Турскиот претседател најави и изградба на Големиот истанбулски тунел, кој ќе поврзува 11 различни линии од железничката мрежа, со кој ќе се олесни железничкиот сообраќај во Истанбул.
Во неговиот јавен настап во неделата Ердоган зборуваше за јавните инвестиции во Истанбул кои се реализирани во последните дваесет години. Во здравствениот сектор се изградени 178 здравствени институции и болници со капацитет од 18.417 кревети. Во градежништвото се изградени 228 илјади станови. Во сообраќајната инфраструктура се изградени 794 километри, објави агенцијата Анадолија.
фото freepic