Економија

Јапонскиот државен пензиски фонд анализира дали да вложи во дигитални валути?

Државниот пензиски инвестициски фон на Јапонија (ГРИФ) ја разгледува можноста за вклучување на биткоинот во своето инвестициско портфолио. ГРИФ е најголем пензиски фонд во светот со околу 1.500 милијарди долари имот. Фондот на 19 март побарал детална анализа за можностите за вложување во биткоини, земјоделско земјиште и во злато, пренесува Сеебиз.

Досега ГРИФ се фокусира на вложувањата во домашни и странски хартии од вредност, како и во недвижности. Јапонскиот пензиски фонд ја анализира одржливоста на биткоинот. Фондот за помош на пожарникарите и пензионерите од Хјустот, во САД,  имаат вложувања во биткоини, а јужнокорејската национална пензиска служба има вложено во компанија која тргува со дигитални валути.

Доколку ГРИФ се одлучи да вложи во биткоини тоа ќе претставува значајна промена во институционален поглед во инвестирањето на пензиските фондови.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано