Економија
Инспекторатот на Република Српска констатирал отстапување на квалитетот на дизелот на бензиските пимпи
25.03.2024г
Мешање на горивата предизвикува продолжено стартување на возилата
Инспекторатот на Република Српска минатата година направил над две илјади лабораториски анализи на горивата на бензиските пумпи, а во 23 случаи се утврдени отстапување од параметрите кои се дефинирани со одлуката за квалитет на течните горива.
- Најчесто отстапувањата се однесуваат на намалување на точката на палење, што се случува поради мешање на помали количини на бензин со дизел, при точењето на гориво на бензиските станици. Поради невнимание остатокот од бензинот во цевководот на цистерните и во сепараторите може да го намали квалитетот на палење кај дизел горивата, велат од Инспекторатот во РС.
Во случаите кога е докажано отстапување во квалитетот на горивото се изрекуваат казни во износ од 20.000 КМ за правно лице. За одговорното лице во фирмата казната е пет илјади КМ.
Од Групацијата за промет со нафта и нафтени деривати во Стопанската комора на РС велат дека граѓаните можат да бидат сигурни во квалитетот на горивата. Понекогаш, проблемот се јавува кај помалите бензиски станици, кои имаат само една цистерна за превоз на бензин и за нафта, а кога може да останат помали колични на бензин, пишува „Глас Српске“.
фото freepic