Економија
Африка може да стане најбрзорастечки регион
25.03.2024г
Според прогнозите на економистот Џефри Сакс
Африка би можела да достигне високи стапки на раст во наредните 40 години и да биде најбрзо растечки регион, вели Џефри Сакс, познатиот светски економист. Тој е дел од проектот на Африканската развојна банка, која го разгледува моделот за постигнување на забрзан економски раст до 2063 година, а за тоа го дава примерот со Кина.
Кинеската економија во периодот од 1980 до 2020 година остварила раст меѓу седум и десет отсто. Кога растете со седум отсто годишно, економијата се дуплира за десет години, објаснува Сакс.
- Верувам дека Африка има исти можности за наредните 40 години и тие се реални. Денеска БДП на Африка е околу две илјади долари по жител, а во подсахарската Африка до 2063 година би требало да изнесува најмалку 30 илјади долари по глава на жител, вели Сакс.
Сепак, како што нагласува економистот Џефри Сакс остварувањето на овие проекции зависат од брзиот економски раст, кој се заснова на високи стапки на инвестиции. Меѓу главнитет фактори на развој се: човечкиот капитал, капиталот во инфраструктурата и деловниот капитал. Според негово мислење, владите во Африка и Африканската унија треба да се фокусираат на високи стапки на вложување во човечкиот капитал, пренесува НИН.
фото freepic