Економија

Исплатата за невработените лица го зголеми буџетскиот дефицит на Франција

Дефицитот во државниот буџет на Франција во 2023 година се искачил на 5,5 отсто од БДП, што е зголемување во однос на предвиденото ниво од 4,9 отсто. Буџетскиот дефицит во 2022 година изнесуваше 4,8 отсто од БДП, објави Франс24.

Министерот за финансии Бруно Ле Мер изјави дека даночните приходи кои го следат растот на инфлацијата се помалку од 21 милијарди евра, затоа што стапката на инфлација е пониска од предвидувањата, додека трошоците за исплата на надоместоците за невработените лица биле повисоки од очекуваниот износ.

-        Упатуван јавен повик за будење за да се намали јавната потрошувачка. Мораме да го намалиме секој трошок кој не ги дава посакуваните резултати, изјави францускиот министер за финанссии.

За годинава е предвиден буџетски дефицит од 2024 година од 4,4 отсто. Агенцијата за статистика ИНСЕЕ соопшти дека јавниот долг на Франција изнесува 110.06 отсто од БДП на крајот на четвртиот квартал минатата година. Една година претходно јавниот долг изнесуваше 119,9 отсто од БДП.


 

фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано