Економија

Еврозоната со суфицит во платниот биланс

Суфицитот во платниот биланс во еврозоната во јануари достигна 39 милијарди евра, а во декември тој изнесуваше 32 милијарди, објави Европската централна банка.

Суфицитот на платниот биланс на еврозоната за годишниот период до јануари 2024 година изнесува 294 милијарди евра, што претставува два отсто од БДП на еврозоната. Во истиот период пред една година во еврозоната е забележан дефицит во платниот биланс во износ од 91 милијарди евра, пренесе Танјуг.

Во 2023 година, домашниот бруто- производ (БДП) по глава на жител изразен во стандардите за куповна моќ се движеше помеѓу 64 отсто од просекот на ЕУ во Бугарија и 240 отсто во Луксембург, објави вчера Евростат. Луксембург и Ирска беа на чело на ЕУ и во минатата 2023 година во однос на висината на домашниот бруто-производ (БДП) по жител, изразен според куповната моќ.

Ирска која има двојно повеќе од просекот на ЕУ е на второто место во рангирањето, со БДП по глава на жител, која нос на куповната моќ. Следат Холандија и Данска, со БДП по глава на жител за 30 и 28 отсто повисок од европскиот просек. Германија, најголемата европска економија, минатата година го надмина европскиот просек за 15 отсто во однос на БДП по глава на жител.

Франција и Италија се блиску до просекот на Унијата и малку под просекот на еврозоната, кој е четири отсто поголем од просекот на 27-члената ЕУ.

Словенија, Чешка и Шпанија заостануваат зад просекот на Унијата за околу 10 отсто во однос на БДП по жител.

Во Естонија, Полска и Романија, БДП по жител беше за околу 20 отсто помал од просекот на ЕУ минатата година.

Во 2023 година и Хрватска забележа подобрување во однос на претходната година, со БДП по жител, изразен во однос на куповната моќ, за 24 отсто помал од просекот на ЕУ. Во 2022 година беше за 27 отсто зад просекот на Унијата. Грција и Бугарија  имаат за за 33 и 36 отсто помал од просекот на Унијата, покажуваат пресметките на Евростат.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано