Економија

Економијата на Германија подложна на циклични промени

Германската економија покажува циклични и структурни слабости и националниот бруто домашен производ годинава ќе порасне за само 0,1 отсто, Во третиот квартал годинава се очекува раст на БДП од 1,3 отсто покажува најновата прогноза за водечките германски институти.

-        Цикличните и структурни фактори се поклопуваат со спориот економски развој. Заздравувањето на економијата ќе почне оваа пролет, но нема да биде силно, рече Стефан Коотс, раководител на економските истражувања во Институтот ИФВ во Киел.

Годинава главен движечки фактор на германската економија ќе биде приватната потрошувачка, а следната година тоа ќе биде засилениот извоз, се наведува во заедничкото соопштение на ИФВ, Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен и истражувачките институти во Берлин, Хале и Есен.

Во моментот производството е на нивото од периодот пред пандемијата со коронавирусот. Оттогаш продуктивноста во Германија стагнира. Приватната потрошувачка почна да расте, но со помала динамика од прогнозите. Германскиот извоз се намали, иако глобалната економија расте.

Германските институти прогнозираат раст на потрошувачките цени за 2,3 отсто, а за следната година да изнесува 1,8 отсто.

Невработеноста ќе забележи мал раст, но во наредните месеци ќе почне да се намалува. Стапката на невработеност годинава ќе изнесува 5,8 отсто, а следната година 5,5 отсто, пренесува Сеебиз.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано