Економија

На Словенија и се потребни нови гасни електрани

Нуклеарната електрана Кршко 2 нема да биде завршена пред 2040 година, а електричната енергија која ќе биде произведена нема да биде поевтина. За да избегне поголем увоз на електрична енергија Словенија треба да започне изградба на гасни електрани, изјави Александар Мервар, директор на словенечкиот оператор за преносни системи ЕЛЕС, во разговор  за РТВ Словенија.

Директорот Мервар ја поддржува словенечката стратегија која е комбинација на искористување на обновливите извори и на нуклеарната енергија. Но тоа што недостига во преодниот период до почетокот на производството на Кршко 2, се нови гасни електрани, кои се најевтини и најбрзо можат да се изградат.

-        Доколку не се изградат гасните електрани ќе се зголеми узвозната зависност за струја до периодот на завршување на Кршко 2. Процените дека цената на нуклеарната енергија ќе биде пониска не се точни, вели Мервар.

Изградбата на нова нукеларка во Словенија постојано се одложува, а нејзиниот капацитет би бил до 1.600 МВ. Според сегашните компаративни податоци со слична никлеарна електрана во Велика Британија цената би изнесувала 150 евра за мегават час, додека цената од новата нукеларка во Словенија нема да биде пониска од 125 евра за мегават час.

Кога станува збор за малите модуларни нуклеарни реактори (СМР) оваа технологија ќе биде применлива за 10 до 15 години. Словенија не е доволно богата за да биде носител на овој пилот проект, освен ако некој не ги финансира 100 отсто, смета Мервар, пренесува Балкан грин енерџи њуз.


 

фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано