Економија

Малопродажбата во Словенија се намалува три месеци по ред

Во февруари реалниот приход во трговијата на мало во Словенија бил за 0,9 отсто понизок на месечно и на годишно ниво. Ова е трет месец со намален промет во трговијата на мало. Во трговијата за непрехранбени производи приходот е помал за 0,3 отсто, а во трговијата со моторни горива и прехранбени производи е зголемена за 2,6 отсто односно за 1,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со минатата година реалниот приход од малопродажбата е помал за 5,6 отсто. Во трговијата со моторни горива е намален за 13 отсто, а во трговијата за непрехранбени производи за 0,9 отсто.

Падот на реалниот доход во првите два месеца од годинава изнесува 3,8 отсто. Во трговијата со моторни горива реалниот приход е помал за 14,8 отсто, а во трговијата со непрехранбени производи за 0,3 отсто, пренесе Сеебиз.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано