Економија

На Германија итно им требаат машиновозачи и возачи на автобуси

Најголем недостиг на работници во Германија има во секторот за сообраќај, а дефицитот на квалификувана работна сила е изразен кај  возачите на автобуси и трамваи. Речиси 90 отсто или 3.594 слободни работни места биле непополнети во 2023 година, покажало истражувањето на Центарот за работни компетенции и Институтот за германската економија.

Речиси 80 отсто од работните места не се пополнети во службата за контрола и оператива во железницата, каде недостигаат 2.265 работници. Околу 45 отсто или над четири илјади работни места од работните места се однесуваат на машиновозачите.

Зголемената побарувачка за работници во железничкиот сообраќај се должи на настојувањето на државите да се преориентираат на железничкиот транспорт, поради исполнување на климатските цели.

Големиот дефицит за работници во Германија е намален во минатата година за 10 отсто, но се уште има голем јаз меѓу побарувачката и понудата на работна сила. Ова намалување е резултат на намалените економски активности во Германија. Со заздравувањето на националната економија се очекува да биде повторно интензивиран недостигот на работници. Квалификувани работници недостасуваат во здравството, социјалната служба, наставата и образованието, пренесува Сеебиз. 


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано