Економија

Секоја десета потрошена марка во БиХ е заработена некаде во светот

Минатата година во Босна и Херцеговина се зголемиле паричните и персонални дознаки од странство за 203 милиони конвертабилни марки (околу 101 милион евра). Растот на девизните дознаки во последните години укажува на фактот дека се поголем број на граѓани во БиХ заминуваат на работа во странство, но и на податокот дека луѓето кои остануваат во земјата не можат да ги покријат трошоците за живот со своите месечни примања, објави Капитал.ба.

Во 2023 година преку официјалните канали од физичките лица во странство во БиХ биле испратени околу 3,79 милијарди марки.

Извршниот директор на Здружението на економисти на Република Српска Саша Грабовац, ги коментираше податоците на Централната банка на БиХ, и нагласува дека процесот на отселување на луѓето се интензивирал.

-       Луѓето заминуваат затоа што не се задоволни како се платени за својата работа. Повеќето од нив ги оставаат своите фамилии во земјата, а заработените пари ги испраќаат на домаќинствата кои ги трошат за основните животни потреби, вели Грабовац.

Според Грабовац,  БиХ е светски рекордер во примените девизни дознаки во споредба со БДП, бидејќи секоја десета потрошена марка во земјата  е заработена некаде во светот. Економистите велат дека податоците на Централната банка не ја прикажуваат вистинската состојба, бидејќи значителни износи на девизи заработени во странство во БиХ влегуваат преку неформалните канали.


фото wikimedia.org 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано