Економија

Во февруари невработеноста во ЕУ на стабилно ниво

Стапката на невработеност во еврозоната остана стабилна во февруари и изнесува 6,5 отсто. Бројот на невработени се зголеми за 17 илјади во однос на јануари годинава, објави Евростат.

Во февруари годинава околу 13,3 милиони лица во Европската Унија односно 11,1 милион во еврозоната биле без работа, пренесе агенцијата „Анадолу“.

Невработеноста во ЕУ остана непроменета на ниво од шест отсто во однос на јануари годинава и од пред една година. Невработеноста кај младите лица изнесува 14,8 отсто во ЕУ и 14,6 отсто во еврозоната.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано