Економија
Странските инвестиции во Србија надминаа четири милијарди евра
04.04.2024г.
Кинеските компании меѓу најголемите инвеститори во Србија
Вредноста на странските директни инвестиции во Србија минатата година достигнале 4,52 милијарди евра, што е зголемување за два отсто во однос на 2022 година, покажуваат податоците на Народна банка на Србија. Речиси една третина од СДИ се од Кина која е на прво место на листата на странски инвеститори во српската економија. На второ место е Холандија со 738,3 милиони евра, а на трето е Обединетото Кралство со 383,2 милиони евра. Инвестициите од Австрија изнесуваат 308,1 милион евра, а на петто место е Германија со 178,9 милиони евра. Русија е на шесто место според странските инвестиции во Србија со износ од 162,4 милиони евра.
- Потребна е подетална анализа за тоа од каде доаѓаат СДИ. Дали од напредните економски области каде се продуцира висока додадена вредност и во кои се нудат повисоки плати за вработените. Повисоките стапки на раст мораат да потекнуваат од поголеми домашни приватни инвестиции, а тие се ниски и се кочничар за побрз економски раст на земјата, изјави економистот Дејан Шошкиќ, во разговор за „Нова економија“.
Во однос на иднината на странските инвестиции од Кина тој смета дека овој инвестициски тренд во Србија нема да се намалува.
фото freepic