Економија

Трговскиот дефицит на САД се зголемил за 1,3 милијарди долари

САД со зголемен дефицит во размената со Мексико

Надворешно трговскиот дефицит на Соединетите Американски Држави во февруари изнесува 68,9 милијарди долари, што е  зголемување за 1,3 милијарди долари  во однос на јануари годинава, објави денеска американското министерство за трговија. 

Дефицитот во трговската размена на САД се зголеми трет месец по ред иако вредноста на извозот достигна рекордно ниво. Извозот на стоки од САД пораснал за 2,9 отсто на 176,7 милијарди долари, а меѓу најголемите извозни производи се нафтата, цивилните авиони и сојата. Извозот на услугите изнесува 86,4 милијарди долари и се повисоки за 0,8 отсто.

Увозот на стоки во САД се зголеми за 1,8 отсто на 268,1 милијарди долари, а американските граѓани повеќе купувале странски автомобили, храна и производи за широка потрошувачка. Увозот на услуги се зголеми на највиокото ниво од 63,8 милијарди долари.

Во февруари трговскиот дефицит на САД во размената со Кина се намали на 21,9 милијарди долари во споредба со јануари годинава, но трговскиот дефицит со Мексико се зголеми на 15,3 милијарди долари.


 

фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано