Економија
Јавниот долг на Србија изнесува околу 36,42 милијарди евра
05.04.2024г.
Србија треба да потпише договор за рефинасирање на долговите кон ОАР
Јавниот долг на Србија во февруари годинава изнесува околу 36,42 милијарди евра или 47,8 отсто од бруто дошаниот производ. За еден месец јавниот долг на земјата се зголеми за околу 220 милиони евра, објави Министерството за финансии на Србија.
На крајот на 2023 година јавниот долг на Србија изнесуваше 35,15 милијарди евра односно 52 отсто од БДП.
Според пишувањето на „Нова економија“ се очекува годинава Србија да постигне договор за рефинансирање на долгот од 2,5 милијарди долари кон Обединетите Арапски Емирати и Фондот за развој во Абу Даби. Последен пат Србија се задолжи кај Фондот за развој од Емиратите за милијарда долари со камата од три отсто.
Според податоците на Билтенот за јавни финансии, долгот на Србија кон ОАЕ кон крајот на годината се состои од четири одвоени заеми. Износот на кредитот кон Владата на Емиратите и висината на преостанатиот долг на крајот на 2023 година е милијарда долари. Заемот од Фондот за развој во Абу Даби за буџетска поддршка изнесуваше 802,3 милиони евра, а состојбата на долгот е 445,7 милиони евра. Србија има обврски од 38,8 милиони евра кон Фондот за развој од Абу Даби, во рамките на финансиска поддршка на проектот за Развој на системите за наводнување, пишува „Нова економија“.
фото freepic