Економија
Србија има позитивни ефекти од отворањето на пазарот на работна сила
05.04.2024г.
За еден месец над две илјади лица побарале ИД број за работа
За еден месец од примената на моделот за слободено движење на работната сила во земјите од Отворен Балкан првите ефекти за Србија се позитивни. До втори април годинава 2.239 лица побарале ИД број, а најголемо интересирање има за секторите градежништво, земјоделство и угостителство, изјави Александар Радовановиќ, раководител во Центарот за регионална соработка во Стопанската комора на Србија.
Со почетокот на функционирањето на заедничкиот пазар на работна сила на 1 март се олеснува вработувањето на работниците од Србија, Албанија и Македонија, без да постојат институционални бариери и под истите услови кои важат за домашните работници.
Во 2023 година Србија ја зголеми вкупната размена со земјите од Отворен Балкан која достигна 1,7 милијарди евра. Зголемувањето на размената со Албанија е за 69 отсто и за 54 отсто со Македонија, изјави Радовановиќ, за РТВ.
фото freepic