Економија
Граѓаните во еврозоната купувале помалку храна и пијалоци во февруари
05.04.2024г.
Во еврозоната прометот во малопродажбата во февруари е намален за 0,7 отсто во однос на истиот месец лани. Во Европската Унија по намалувањето на прометот во јануари има стагнирање на малопродажбата во февруари. На годишно ниво во еврозоната прометот во трговијата со храна, пијалок и тутунски производи е намален за 1,4 отсто во споредба со февруари минатата година.
Во Хрватска во февруари е остварено зголемување на прометот во малопродажбата на годишно ниво за 9,2 отсто. Следат Романија и Луксембург со пораст од 8,7 односно за 6,9 отсто.
На годишно ниво најголем пад на прометот има во Белгија и Словенија за 6,8 односно за 5,6 отсто. Најголем пад на прометот на месечно ниво има во Германија и Белгија за 1,3 односно за 1,2 отсто, покажуваат најновите податоци на Евростат.
фото freepic