Економија
Американските земјоделци ги намалуваат површините со пченка
08.04.2024г.
Земјоделците во САД годинава значително ќе ги намалат површините со пченка и пченица, но ќе ги зголемат посевите со соја и памук. Според најавите, површините со пченка ќе се намалат за пет отсто во однос на минатата година кога изнесуваа 90 милиони хектари.
Соединетите Американски Држави се најголем производител на пченка во светот и учествува со 32 отсто од глобалното производство. САД се втор најголем извозник на оваа земјоделска култура. Намалувањето на површините е поради ниската цена на пченката, што ги демотивира американските земјоделци да одгледуваат пченка. Затоа, тие ги зголемија површините со соја за три отсто односно на 86,5 милиони хектари, а на памукот за четири отсто кој ќе се одгледува на површина од 10,7 милиони хектари.
Според Министерството за земјоделство на САД залихите на пченка изнесуваат околу 8,35 милијарди бушели, што е за 13 отсто повеќе од претходната година. Ова се највисоките количини на залиха во последните пет години.
Цената на пченката до крајот на годината може да достигне 444 американски евроценти за бушел, а во 2025 година би можела да достигне 457 американски центи, пренесе „Лидер медиа“.
фото freepic