Економија
Турција забележа висок раст на индустриското производство
08.04.2024г.
Индустриското производство во Турција во февруари забележа најсилен раст во последните две години, со што продолжи заздравувањето на економијата по големите штети од земјотресот на почетокот на 2023 година. Индустриското производство порасна за 11,5 отсто во однос на февруари лани, објави државниот завод за статистика на Турција.
На годишно ниво индустриското производство во февруари е поголемо за 12,8 отсто, а највисоки стапки на раст има во секторот рударство и вадење камен, енергетскиот сектор и во секторот за трајни добра за широка потрошувачка.
Поголем раст од просекот има во секторот на капитални добра за 21 отсто, а највисока стапка на раст забележа технолошкиот сектор од 38,5 отсто.
На месечно ниво производството во февруари е зголемено за 3,2 отсто. Најзначаен раст на месечно ниво забележа технолошкиот сектор со стапка од 46,4 отсто.
фото freepic