Економија

Индија има најголем пад на производството на хидроенергијата

Индија ја зголемува зависноста од термоелектраните на јаглен

 

Производството на хидроелектрична енергија во Индија забележа најголем пад во последните 38 години, а нестабилните врнежи ја зголеми зависноста на земјата од термоелектраните на јаглен. Намалувањето на производството на струја за 16,3 отсто од овој обвновлив извор се случува во време кога индискиот премиер Наредра Моди презема обврска од договорите за клима од Париз за зголемување на капацитетите на соларна енергија  и за добивање на  енергија од ветер, пренесува „Ројтерс“.

Обновливите извори учествуваат со 11,7 отсто од производството на електрична енергија во Индија, покажала анализата на федералниот регулатор Грид-Индија.

Учеството на хидроенергијата во вкупното производство  се намали на рекордните 8,3 отсто во текот на една фискална година која завршува на 31 март. Производството на електричната енергија од јаглен и лигнит во 2023/24 година се зголеми за 13,9 отсто. 


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано