Економија

Просечната плата во Црна Гора изнесува 821 евро

Просечната бруто плата во февруари 2024 година во Црна Гора изнесува 1.026 евра, додека просечната заработувачка без даноци и придонеси е 821 евро, информираат од Управата за статистика Монстат.

Просечната плата во февруари во однос на јануари 2024 година е зголемена за 0,2 отсто, а споредена со февруари 2023 година е повисока за 6,4 отсто.

Просечната нето плата во февруари е зголемена во секторите за стручна, научна и техничка дејност за 4,4 отсто, во секторот со недвижности 4,2 отсто, а во финансиската дејност и осигурување за 2,7 отсто.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано