Економија

Унгарија, Србија и Словенија формираат заедничка берза за струја

Заедничката берза за струја за Унгарија, Србија и Словенија би можела да почне со работа во втората половина на 2024 година, со што ќе се зголеми безбедноста во снабдувањето на трите земји, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи  и трговија Петер Сијарто, по потпишувањето на договорот за соработка на трите држави во Будимпешта, пренесува агенцијата МТИ.

-       Потпишувањето на проектот „Блускај“ е одлична вест. Трговијата со електрична енергија  меѓу трите земји ќе биде брза и без бариери. Договорот создава поголем пазар кој ќе има поволно влијание на цените, изјави Сијарто.

Унгарскиот министер додаде дека договорот се однесува на соработка меѓу држави членки на Европската Унија  и земја кандидат за членство во ЕУ, и тоа претставува уште еден чекор во правец на реализацијата на енергетската интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

 

-       Нашата цел е да создадеме енергетски системи во регионот кои се максимално интегрирани , нагласи Сијарто.

Според неговите очекувања, побарувачката за електрична енергија во централна Европа ќе порасне за 50 отсто до 2030 година, пренесува „Дневник“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано