Економија

Туризмот и населените острови влијаат на повисоката инфлација во Хрватска

Главното влијание на високата инфлација од 4,1 отсто во Хрватска, која е над просекот во земјите во Европската Унија, доаѓа од секторот на услугите, а притисокот за пораст на цените ќе се засилува со доаѓањето на туристичката сезона, изјави Борис Вујчиќ, гувернер на Хрватската народна банка, на трибината која беше одржана на Денот на хрватските финансиски институции, пишува „Лидер медиа“.

-       Цените растат се додека не се соочат со надолното движење на кривата на понудата, односно се додека луѓето повеќе не се подготвени да ги платат високите цени, изјави Вујчиќ.

Министерот за финансии Марко Приморац потсетува дека Хрватска има пет пати повисок економски раст од просекот на ЕУ.

-       Колку е поголем економскиот раст, посебно ако е мотивиран од домашната потрошувачка на домаќинствата и на инвестициите толку повеќе ќе расте и побарувачката за добрата и услугите, што влијае и на раст на цените. Секако, не сме задоволни од овие бројки и се надеваме во наредниот период ќе се стремиме кон посакуваната стапка на инфлација од два отсто. Во 2024 стапката на инфлација е проектирана на 3,1 отсто, а следната година ќе се намали, вели Приморац.

Главниот економист на Хрватската стопанска комора Горан Шаравања смета дека на прво место за инфлаторните движења не е успешната туристичка сезона.

-       Растот на платите поради недостигот на пазарот на трудот е клучен извор на раст на домашната потрошувачка. Европските фондови ќе имаат се помало влијание врз порастот на домашната потрошувачка. Високата инфлација во Хрватска која е повисока од другите држави во еврозоната се должи и на географскиот облик на земјата. Хрватска има 50 населени острови што ги зголемува трошоците за дистрибуција и логистика. Логично е деловните активности да бидат и поскапи, објаснува Шаравања.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано