Економија
Кина останува главен „мотор“ на развојот на Азија
11.04.2024г.
Кина останува најголем фактор на растот на светската економија и оваа земја го создава половина од БДП во азиско-пацифистичкиот регион, соопшуваат од Азиската развојна банка.
- Иако кинескиот раст успорува, во наредните години најверојатно ќе придонесе за глобалниот раст многу повеќе од другите економии во светот, изјави главниот економист Алберт Парк при објавувањето на изшештајот за изгледите за азискиот развој.
Прогнозите на Азиската развојна банка се дека Кина ќе оствари годишен раст на БДП од 4,8 отсто во 2024 година. Кинеската економија во 2023 година порасна за 5,2 отсто.
Дури и со помал економски раст Кина ќе „покрива“ 46 отсто од растот на развојот во Азија во периодот 2024-2025 година. Кинеското учество во азискиот БДП изнесува 48 отсто.
Најголем „конкурент“ на Кина претставува Индија која оствари најбрз раст во последните шест квартали со што забележа раст од 8,4 отсто во октомври-декември во тековната финансиска година 2023-2024 година, пренесува Сеебиз.
фото freepic