Економија
Западен Балкан го очекува зголемување на економскиот раст
12.04.2024г.
Во Западен Балкан годинава ќе оствари зголемување на економскиот раст, а дополнително забрзување се очекува за 2025 година, кога регионот ќе ги достигне просечните стапки на раст од периодот пред пандемијата, се наведува во редовниот извештај на Светската банка.
Во најновиот извештај на СБ се проценува дека економскиот раст во Западен Балкан ќе изнесува 3,2 отсто, што е за 0,2 отсто повеќе од предвидувања кои се содржани со последниот извештај на банката. За следната година се очекува раст од 3,5 отсто.
Планот за раст на Европската Унија за овој регион, кој изнесува шест милијарди евра, нуди добра можност за поттикнување на економскиот раст преку спроведување на реформнте и инвестициите во регионот, соопштија од Светската банка.
Во СБ преовладува „внимателен оптимизам“ кога станува збор за проекциите за раст на среднорочен период, бидејќи земјите од регионот поминаа низ бројни шокови.
– Долготрајниот слаб раст на глобалната економија, посебно во еврозоната, можат да се одразат преку послабите инвестиции и трговијата во регионот. Покрај ова присутни се и внатрешните фактори на ризик, како и разгорување на геополитичките тензии, емиграцијата, изборната неизвенсот и долготрајната инфлација, се наведува во извештајот на СБ.