Економија

Германските градежници бараат државна помош за надминување на станбената криза

Во Германија има недостиг од 600.000 станови

Здруженијата на градежните фирми бараат од државата финансиска помош од 23 милијарди евра годишно за да се намали станбената криза во Германија. Парите би биле искористени за изградба на 100.000 социјални станови и 60.000 комерцијално достапни станови, за да се намали побарувачката на објекти за живеење.

Економскиот институт ДИВ очекува годинава да има номинален пад на изградбата на станови во Германија  за 5,4 отсто, со што ќе бидат намалени даночните приходи за речиси пет милијарди евра. Секторот на градежништвото со години беше главен носител на германската економија со околу 20 отсто учество во БДП и во градежништвото беа вработени десет отсто од работниците, пренесува Бизнис.ба.  

Состојбата во секторот за изградба на станови во Германија се промени кога Европската централна банка во јули 2022 година ги подигна каматните стапки за да ја намали инфлацијата. До септември минатата година каматната стапка беше зголемена на 4,5 процентни поени. Зголемениот раст на трошоците за задолжување се одрази и на прометот на недвижнини. Германскиот совет на експерти за недвижности проценуваат дека во Германија недостасувааѕ 600.000 станови. Плановите на владата за изградба на 400 илјади станови годишно се неостварливи поради слабата финансиска поткрепа на градежните фирми.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано