Економија
ОПЕК излезе со нови прогнози за потрошувачката на нафта
12.04.2024г.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во својот најнов априлски месечен извештај го повтори очекувањата за растот за потрошувачката за нафта од 2,2 милиони барели дневно (бпд) во 2024 година. Оваа прогноза не се разликува во однос на очекувањата од извештајот за март годинава.
Од ОПЕК прогнозираат дека светскиот економски раст во 2024 година ќе изнесува 2,8 отсто, а во 2025 година на 2,9 отсто.
Американската економија, според очекувањата на ОПЕК, ќе порасне за 2,1 отсто во 2024 година, што претставува зголемување во однос на мартовската прогноза за растот за 1,9 отсто. Прогнозата за економскиот раст на САД во 2025 година е непроменета и е проектирана на 1,7 отсто.
Еврозоната годинава ќе расте со помало темпо или со 0,5 отсто и за 1,2 отсто во следната година, прогнозираат од ОПЕК.
фото freepic